Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постигна гол во денешната победа на неговиот клуб Џенова против Кротоне со 4:1. Ова беше дуел од 1. коло во новото првенство на италијанската Серија А.

Пандев погоди во 9. минута по одличен контра напад. Македонецот играта ја напушти во 68. минута, а во 44-та доби жолт картон.

Џенова која минатата сезона едвај избори опстанок, според денешното издание, ја очекуваат подобри резултати оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2020 20:44