Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, по синоќешната победата над Вулверхемптон во 2. коло од англискиот шампионат (3:1), истакна дека тимот одиграл добро.

– Тоа беше добар натпревар. Знаеме колку е тешко. Периодот во кој се наоѓаме и ситуацијата во последните две недели беше тешка. Генерално, очекувам дека во некои моменти ќе има потешкотии, но денес ја контролиравме играта. Сите беа подготвени и се претставија добро.

Беше важно да се започне сезоната вака, но секако дека тоа е само еден натпревар, изјави Гвардиола.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 13:23