Sвездата на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон го направи својот прв целосен тренинг во последните 470 дена. 30-годишниот стрелец се приклучи на „воините“ за летните активности со полна брзина за прв пат откако ги скина лигаментите за време на финалето на НБА минатата сезона.
– Долго го чекавме овој момент. Одлично е што тој е повторно е со нас и на паркетот и во соблекувалната. Само неговото присуство ни дава наплив на енергија и возбуда. Ова беше негов прв тренинг по повредата на коленото. Секако, не очекував дека ќе биде во топ форма и се покажа така. Но, Клеј се движеше добро на паркетот, па тоа е добар прв чекор. Тој успеа многу да сработи за време на тренингот и сега ќе може да разбере во каква состојба е, додаде тој.
Томпсон, кој е петкратен учесник на Ол-стар натпреварот, имаше просек од 21,5 поени и 3,8 скока со 46 отсто шут од поле и 40 отсто од тројка во сезоната 2018/19.