Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум имаше мотивирачки говор пред соиграчите за време на паузата на петтиот меч од серијата со Мајами хит.
Бостон заостануваше седум поени, а пораз на овој меч ќе значеше крај на сезоната за тимот.
Дваесет и двегодишниот Тејтум се обиде да им ја пренесе важноста на моментот на своите соиграчи и успеа во тоа.
Во третата четвртина тој постигна 17 поени, а Селтикси го добија тој дел од натпреварот со 41:25.
На крајот Бостон победи со 121:108 и намали на 2-3 во серијата прв до четири победи.