Леброн Џејмс гарантираше дека овој пат Денвер нема да направи сензационален пресврт и ги испрати Л.А. Лејкерс во финалето на НБА.
„Кралот“ заврши со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции, за 27-иот „трипл-дабл“ во плејофот и ги предводеше Лејкерси до триумф над Нагетс со 117:107, а со тоа и до победа од 4:1 во серијата. Никола Јокиќ и компанија израмни негатива од 1-3 во претходните две кола, но не и сега.
Тимот од Калифорнија се враќаат во големото финале за прв пат од 2010 година, додека за Леброн тоа ќе биде 10-то учество по оние со Кливленд и Мајами, од кои, тој освои само 3.
– За мене работата не е завршена. Дојдов овде за да ја вратам оваа организација таму каде што треба и мило ми е што го правиме тоа, изјави Леброн, чиј тим го чека победникот од пресметката меѓу Бостон и Мајами, каде „жешките“ водат со 3-2.
Ентони Дејвис додаде 27 поени за успехот, кој не дојде лесно, но беше олеснет од здравствените проблеми на Џамал Мареј, кој постигна само 19 поени за Нагетс. Тој имаше болки во ногата и не беше на неговото вообичаено ниво. Затоа и овој пат немаше начин да се дојде до сензација.
И во овој дуел, Нагетс стигна негатива од 56:72 во третиот дел за да израмни на 84:84 на крајот од периодот, по што Дејвис постигна тројка. Во последниот, Џејмс постигна 16 поени, а Лејкерси го задржаа водството, кое по тројката на Дени Грин и кошот на Леброн стана 108:99, па немаше шанса за нов пресврт.