Кошаркарот на Денвер нагетс, Џереми Грант има намера да ја искористи опцијата за напуштање на тимот во последната сезона од договорот и да стане неограничен слободен агент, пренесува „The Denver Post“.
Денвер ноќеска загуби од Лос Анџелес лејкерс петтиот натпревар од финалето на Западната конференција и е елиминиран со 1-4 во серијата.
Дваесет и шестгодишниот Грант беше еден од најдобрите играчи со 20 поени и девет скока.
Доколку Грант реши да не излезе на пазарот за слободни играчи, тој ќе заработи 9,4 милиони долари во текот на следната сезона.