Тајлер Хиро можеби не беше на победничката страна на натпреварот бр.2 помеѓу Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс, но младиот кошаркар успеа да го запише своето име во историјата на плејофот во НБА.

Високиот 196 сантиметри стрелец во екипата на „жешките“ е веќе најмладиот стартер на натпревар од финалето на Лигата, откако го замени легендарниот Меџик Џонсон од првото место на оваа листа.

Хиро го стори тоа на 20 години и 256 дена, успевајќи да го подобри постигнувањето на петкратниот шампион на Лејкерс за осум дена. Хиро најде место во почетната петорка откако Горан Драгиќ претрпе повреда на левиот скочен зглоб за време на мечот бр.1 од последната серија.

Дебитантот постигна 17 поени и зеде 7 скока со 5/12 удар од поле во средба, што стана историска за него.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2020 14:51