Центарот на Лос Анџелес лејкерс, Двајт Хауард зборуваше за тоа како се обидува да се справи со депресијата во „меурот“ во Орландо каде што се рестартира сезоната.
Претходно, напаѓачот на Клиперси, Пол Џорџ, призна дека страдал од ментално нарушување поради тоа што бил во кампусот, и тоа била причината за неговата неуспешна игра во плејофот.
- Што се однесува до мене, имаше моменти кога бев депресивен затоа што бев во „меурор“ и не можев да ги видам моето семејство и децата. Во вакви моменти, едноставно се обидов да се ослободам од овие мисли читајќи многу, шетајќи и разговарајќи со луѓето кои работат тука. Се обидувам да ги споделам своите искуства со нив, а исто така да ги слушам и да наоѓам надеж, рече Хауард.
ЛА лејкерс водат со 2:0 во финалната серија од НБА плејофот против Мајами.