Плејмејкерот Тејлор Рочести ќе се врати во Црвена ѕвезда, за која играше во сезоната 2017/18.

Американецот со црногорско државјанство добил понуда од српскиот тим и ја прифатил, пренесува „Спортандо“.

Кошаркарот минатата сезона ја помина во Олимпијакос, Грција.

„Црвено-белите“ лошо ја отворија сезоната во Евролигата. Тие пред пет дена, во 1. коло загубија од Фенербахче со 77:63 на гостувањето во Истанбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2020 13:05