Лос Анџелес лејкерс најавија дека ќе го одиграат својот петти натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Мајами облечени во униформа на „Црна Мамба“, која е посветена на легендарниот играч Коби Брајант.

На петтиот натпревар Лејкерси ќе имаат можност да освојат шампионската титула.

Сопругата на покојниот Брајант, Ванеса го одобри изборот на Лејкерс:

- Напред Лејкерс! – напишаа Ванеса на социјалните мрежи.

Лејкерси водат со 3-1 и се на чекор од титулата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 10:42