Џими Батлер херојски одигра во петтиот натпревар од финалната серија на НБА со Лејкерси. Предводникот на Мајами постигна 35 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции, ја „остави душата“ на теренот каде го мина скоро целото време, а статистиката вели дека одморил само 48 секунди!
Целосно „исцеден“, тој се појави пред новинарите, скршен, во бавно движење, „ранет“ од тешката битка со играчите на Лејкерс …
– Ја оставив целата енергија на натпреварот заедно со моите момци. Вака ќе мора да играме од сега додека не заврши серијата – рече Батлер пред едвај да стане од столот, и да отиде на заслужената пауза во грч – до недела и новата битка за тронот во НБА.
Едвај дишеше Батлер на крајот од мечот, тој ја преземаше одговорноста скоро во секоја акција кон крајот на мечот, што го измори многу, па тој побара пауза потпирајќи се на реклами.
– Џими Батлер е борец – пишува во еден од коментарите за играта на лидерот на Хит.