Sвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, откри дека неговата повреда на петата не е сериозна и таа нема да го спречи да учествува на шестиот натпревар од серијата меѓу „езерџиите“ и Мајами Хит.

За време на петтиот натпревар синоќа, Еј Ди се струполи на паркетот и со кривење ја напушти играта, но потоа се врати и го заврши натпреварот.

– Ќе бидам добро за недела. Болката постепено исчезна во текот на натпреварот и сè се врати во нормала. Продолжив да се движам и се обидував да не стојам ни за момент за да можам да го задржам адреналинот на високо ниво. Ова ми овозможи да го завршам натпреварот, сподели Дејвис по поразот на Лејкерс на мечот бр.5.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2020 19:13