Во текот на денешниот ден во центарот на Лос Анџелес уапсени се 76 лица додека ја славеа шампионската титула на Лејкерс, објави „USA Today“.
Портпаролот на полицискиот оддел Дрејк Медисон изјави дека пет од уапсените лица се обвинети за грабеж, едно за вандализам. Еден полицаец се здобил со повреда на раката. Најмалку едно лице е уапсено за напад на полицаец.
Според полициските сили на Лос Анџелес, осум полицајци биле повредени. Двајца навивачи се повредени од полицијата и пренесени во болница.
ЛА лејкерс ноќта недела кон понеделник го победи Мајами Хит во шестиот натпревар од финалната серија од плејофот и по една деценија повторно стана шампион во НБА лигата.