Суперѕвездата на кошаркарскиот клуб Барселона, Никола Миротиќ, денес објави дека му е дијагностициран коронавирус.

Миротиќ истакна дека се чувствува добро и е изолиран. Тој ќе го пропушти мечот од 3. коло во Евролигата против Валенсија.

Претходно, тренерите Шарунас Јасикевичиус и Дариус Масколиунас имаа позитивни тестови.

Вчера каталонскиот тим информира дека главниот тренер на тимот се излекувал.

Евролигата мораше да откаже два натпревари на екипите на Химки и Вилербан кои имаат потешкотии при регрутирање на минималниот број играчи во составот, поради пандемијата на коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2020 00:50