Кошаркарската федерација на Македонија в четврток ќе соопшти кога ќе стартува новата сезона.
- Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во ЧЕТВРТОК, 22 октомври 2020 година, стои во соопштението на КФМ објавено попладнево на нивната веб-страница.
Првичниот термин за почеток на кошаркарското првенство беше 3 октомври, потоа федерацијата го одложи стартот за една седмица, но и тогаш салите останаа празни поради пандемијата на коронавирус.
Пред два дена Асоцијацијата на македонски кошаркари побара почнување на сезоната, а вчера Здружението на прволигаши излезе со ултиматум за старт на сезоната, во спротивно побара оставка од раководните лица во федерацијата.