Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво“.

Според изворот, управата и стручниот штаб на „сините“ не се задоволни од играта на 26-годишниот Шпанец на почетокот на сезоната, па затоа ја разгледуваат опцијата за позајмица.

Оваа сезона Кепа има одиграно три натпревари и примено шест голови.

Во прилог на заминувањето на Кепа од Лондон е и активирањето на Петр Чех како резервен голман.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2020 14:19