Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада шкотскиот гигант Селтик со 3:1. „Росонерите“ го постигнаа својот прв успех во групата „Х“ на турнирот по головите на Раде Круниќ (14) и Браим Дијаз (42) пред паузата. За домаќините Мохамед Елиунуси беше прецизен во 77-та минута, а на крајот од мечот Хауге го постигна својот прв гол за Италијанците.

Лидер во групата по првите натпревари е француски Лил, кој како гостин ја победи Спарта Прага со 4:1. Лил и Милан имаат по три бода. Селтик разочара во вториот последователен натпревар, откако пред неколку дена загуби со 0:2 големото дерби на Шкотска со Глазгов Ренџерс.

„Росонерите“, кои се лидери во Серија „А“ по нивниот совршен старт од почетокот на сезоната, во понеделник ќе се сретнат со Рома, а следниот четврток ќе играат на „Сан Сиро“ против Спарта Прага.

Селтик ќе ги посети Лил за една недела.

Резултати од Лига Европа:

Група „А“: ЦСКА Софија – Клуж 0:2 Јанг Бојс – Рома 1:2

Група „Б“: Дандалк – Молде 1:2 Рапид Виена – Арсенал 1:2

Група „Ц“: Баер Леверкузен – Ница 6:2 Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3:1

Група „Д“: Леч Познањ – Бенфика 2:4 Стандард – Ренџерс 0:2

Група „Е“: ПАОК – Омонија 1:1 ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2

Група „Ф“: Ријека – Реал Сосиедад 0:1 Наполи – АЗ Алкмар 0:1

Група „Г“: Лестер – Зорја 3:0 Брага – АЕК 3:0

Група „Х“: Селтик – Милан 1:3 Спарта Прага – Лил 1:4

Група „И“ Макаби тел Авив – Карабах 1:0 Виљареал – Сиваспор 5:3

Група „Ј“ Лудогорец – Антверп 1:2 Тотенхем – ЛАСК 3:0

Група „К“: Динамо Загреб – Феенорд 0:0 Волфсбергер – ЦСКА Москва 1:1

Група „Л“: Хофенхајм – Црвена Звезда 2:0 Слован Либерец – Гент 1:0



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2020 01:06