Дефанзивецот на Манчестер Сити, Анхелињо е на позајмица во Лајпциг. Летото тој имаше опција да оди во Барселона, но тој реши да се врати во Германија за уште една година, пишува „ El Mundo Deportivo“.

Минатата сезона Анхелињо учествуваше на 13 натпревари од германскиот шампионат, постигна еден гол и даде две асистенции.

Манчестер сити го проценува својот фудбалер на 30 милиони евра, додека „Transfermarkt com“ го проценува играчот на 20 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2020 13:51