Довчерашниот претседател на Барселона, Жoзеп Бартомеу, на прес-конференција по повод заминувањето од клубот, изјави дека Каталонците решиле да учествуваат во европската Суперлига.

– Можам да ви кажам невообичаени вести. Вчера прифативме понуда да учествуваме во идната европска Суперлига, што ќе ја гарантира идната финансиска стабилност на клубот, соопшти Бартомеу.

Суперлигата е турнир во клупски фудбал на кој ќе учествуваат најдобрите клубови во Европа. Во моментов, конечниот формат на турнирот и списокот на учесници се непознати. Според прелиминарните податоци, лигата ќе се одржи во кружен систем со домашни и гостински натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2020 14:19