По речиси едномесечно одлагање, за денес е закажан стартот на македонската кошаркарска Прва лига.
Коронавирусот беше причина за поместувањето на почетокот кој првично беше закажан за 3 октомври. Но, пандемијата уште на стартот одложи два меча. Средбата во Гевгелија меѓу Кожув и Пелистер нема да се одигра поради позитивни на вирусот во таборот на битолчани, додека Вардар и Црн Дрим немаа да играат по позитивен тест на играч кај вардарци.
Другите две предвидени средби за денес се: Академија ФМП – Гостивар ТФТ – Куманово. Двата натпревара ќе се играат во Скопје со почеток во 18 часот.
Два дуела се закажани за утре: МЗТ Скопје Унибанка – Еуро Никел (почеток 16 часот) Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 18 часот).