Асоцијацијата на играчи во НБА и раководството на лигата го одложија крајниот рок за одлука за опцијата за повлекување од сегашниот колективен договор од 30 октомври до 6 ноември.
Двете страни продолжуваат да работат на решавање на неколку важни прашања пред почетокот на сезоната 2020/21.
Клучното прашање во преговорите е датумот на почеток на новата сезона. НБА сака да започне на 22 декември, кошаркарите инсистираат на подоцнежен датум.
НБА и синдикатот веќе се согласија за плафон на плата од 109 милиони.