Фудбалската федерација на Велс ја одложи прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата Рајан Гигс, објави „Sky Sports“.
Претходно стана познато дека 46-годишниот Гигс беше приведен под обвинение за напад врз неговата девојка. Велшанецот беше испрашуван во понеделникот под сомнение за напад и нанесување телесни повреди, а потоа беше ослободен со кауција во очекување на истрага.
Прес-конференцијата, на која требаше да се објави составот на репрезентацијата на Велс за натпреварите со САД, Ирска и Финска, е одложена поради можно апсење на селекторот.