Фиорентина ќе го разреши Бепе Јакини и веќе бара замена за тренерската позиција, јавија италијански медиуми.
Според Calciomercato.com, италијанскиот тренер ќе биде ослободен без оглед на резултатот против Парма викендов. Во моментов, медиумите во Италија поврзуваат три имиња за функцијата – Маурицио Сари, Валтер Мацари и враќање на Винченцо Монтела.
Поранешниот тренер на Јувентус и Наполи е фаворит. Тосканскиот специјалист повторно сака да работи со Хозе Кајехон. Сари моментално разговара со управата на „бјанконерите“ да го раскине договорот со заедничка согласност за да може слободно да преземе нов тим.