Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората се враќа во репрезентацијата на Шпанија, а по двегодишно отсуство, Луис Енрике го стави на списокот и Коке од Атлетико (Мадрид).
Енрике повика вкупно 25 играчи за натпреварите со Германија и Швајцарија во Лигата на нации. Во тимот е и Маркос Љоренте од Атлетико.
За репрезентацијата нема да игра халфот на Ливерпул, Тиаго Алкантара, кој се опоравува од неодамнешна повреда.
Последниот настап на Мората за Шпанија беше во победата во квалификациите за ЕУРО 2020 над Романија со 5:0 во ноември 2019 година.
Коке последен пат играше за репрезентацијата во поразот од Велс во пријателски натпревар што заврши 4: 1 пред повеќе од две години.