Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павар нема да може да игра во 7. коло од германскиот шампионат против Борусија Дортмунд.

Според „Билд“, 24-годишниот Французин се здобил со повреда поради која го пропушти тренингот на тимот во четврток и петок. Најверојатно, неговото место во составот ќе го заземе Буна Сар, кој се пресели во Баерн во октомври оваа година.

Во сезоната 2020/21, Павар одигра 10 натпревари за Баерн, со една асистенција.

Натпреварот Борусија – Баерн ќе се одигра вечер со почеток во 18:30 часот. з



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2020 14:26