Кошаркарите на Милан денеска ги прекинаа сите активности откако неколку играчи беа заразени со новиот коронавирус.

Според италијанскиот клуб, тестовите што биле извршени во неделата вечерта, покажале дека во тимот има неколку заразени играчи, поради што сите активности се прекинати.

Целиот тим ќе биде подложен на нови тестирања утре. Клубот веднаш ги извести локалните здравствени власти за состојбата и чека инструкции.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2020 22:49