Раководството на НБА официјално објави дека постигна договор со синдикатот на играчи за измена на договорот за колективно договарање пред сезоната 2020/21.

Договорот мора да биде одобрен од Одборот на гувернери на НБА.

НБА и синдикатот разговараа за промените поради пандемијата, што значително влијаеше на финансиите и календарот на лигата.

Договорно е сезоната 2020/21 да почне на 22 декември, екипите да одиграат по 72 натпревара во регуларниот дел од сезоната, да се користи нов систем на дистрибуција на кошаркарскиот приход. Лимитот на платата ќе биде утврден на 109.140 милиони американски долари, Пазарот на слободни агенти ќе се отвори на 20 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2020 12:28