Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на создавање сопствен турнир од страна на европските врвни клубови.
- Мислам дека Суперлигата сега не доаѓа предвид. Постојат неколку менаџери кои живеат според оваа идеја за своја корист, и ова ќе оди на штета на целиот европски фудбал. Само што сè уште никој не го разбира. Ова е популизам. Во екстремен случај – политика, не би ја сфатил сериозно, вели Чеферин за „Марка“.
Претходно беше објавено дека повеќе од 10 клубови од најдобрите пет европски шампионати (Шпанија, Германија, Англија, Италија и Франција), водат преговори за создавање на европска Премиер лига.
Организаторите сакаат да го започнат турнирот во 2022 година со поддршка на ФИФА, се очекува на него да учествуваат 16-18 екипи, а американската банка „ЈП Морган“ е подготвена да вложи околу шест милијарди долари во лигата.