Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, повторно тренира со соиграчите откако целосно се опорави од повредата, соопшти клубот.
Холанѓанецот (21) тренира со главниот тим на италијанскиот шампион, откако беше надвор од терените во период над три месеци.
Минатата сезона Де Лихт одигра 39 натпревари и четири голови со тимот. Поранешниот дефанзивец на Ајакс беше опериран на рамото во август.