Плејмејкерот Раџон Рондо својата кариера ќе ја продолжи во Атланта, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски на Твитер.

Договорот со 34-годишниот кошаркар ќе трае две години. За тоа време, тој ќе заработи 15 милиони долари.

Рондо претходно се откажа од едно сезонско продолжување на договорот со Лос Анџелес лејкерс и стана неограничен слободен играч.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2020 12:39