Делегација од петмина играчи од НБА лигата, како и неколку претставници на најсилната кошаркарска лига на светот, денес се среќаваат со папата Франциск во Ватикан. Страните разговараат за борбата за социјална правда, која во последно време активно ја водеа спортистите.

Портпарол на Папата минатата недела стапи во контакт со сојузот на играчи, истакнувајќи дека Франциск сака да дознае повеќе за тоа како играчите работеле за да ја подигнат свеста за социјалната правда и проблемите со економската нееднаквост и нивните планови за во иднина.

Во делегацијата се Кајл Корвер, Стерлинг Браун, Џонатан Ајсек, Ентони Толивер и Марко Белинели, како и извршната директорка на Мишел Робертс.

По средбата во папската библиотека на „Апостолската палата“, кошаркарите и претставниците на синдикатот ќе одат на прошетка на плоштадот „Свети Петар“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2020 21:58