Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, по синоќешната победа над Зенит со 3:1 во Лигата на шампионите во Зенит, очекува неговиот тим да стигне до плејофот.

Имобиле кој беше двоен стрелец на овој меч рече дека игра со сета своја страст.

– Јас секогаш играм со сета страст. Сакав добро да ја завршам својата работа. Историјата на овој клуб ја напишаа многу играчи и многу вреди да бидам меѓу нив. Морам да им се заблагодарам на соиграчите, благодарение на чија игра имам доволно можности да се докажам и да постигнам погодок. Сега одиме во Дортмунд за да си обезбедиме поминување на групата, истакна Имобиле.

По четири кола во Ф-групата, води Борусија Дортмунд со 9 бода, Лацио има 8, Клуб Бриж 4, Зенит 1.

Во плејофот одат двете првопласирани екипи.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2020 10:46