Македонската женска фудбалска репрезентација со победа ги заврши квалификациите за Европското првенство. На гостувањето во Алмати, попладнево е совладан Казахстан со 3:0.

„Црвено-жолтите“ и покрај фактот што на ова гостување беа без селекторот Кирил Изов, дуелот го започнаа мотивирано и уште во раната фаза го отворија резултатот. За тоа најзаслужени беа капитенката Наташа Андонова и Гентјана Рочи. Андонова асистираше, а Рочи ја совлада домашната голманка и на Македонија ѝ донесе водство во 11. минута. Нешто подоцна, Андонова повторно асистираше, а Рочи повторно погоди за удвојување на предноста на 2:0, додека до крајот на првиот дел мрежата на Казахстан ја стресе уште Елма Шемсовиќ.

Со шест бодови македонската репрезентација ги заврши квалификациите на четвртото место на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2020 23:07