Следејќи го Протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, Светската кошаркарска федерација одлучи да го одложи натпреварот Италија – Македонија, за квалификациите за ФИБА ЕвроБаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија, објавено е на веб-страницата на КФМ.

Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.

Остатокот од делегацијата е ставен во изолација.

Дополнително ќе се изврши ново тестирање на македонската делегација, а за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2020 15:20