Играчот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар се повреди синоќа во 11. коло од Ла Лига против Алавес (1:2).

Оваа повреда беше осма за Белгиецот во последните 16 месеци поминати во Мадрид. Тој одигра само 25% од можните минути сезонава, додека минатата сезона имаше 33,6% минутажа.

Така, за целото време во Реал Мадрид, Азар нема ниту една третина (31,8%) од можните минути на теренот.

За споредба, за седум години во Челзи, фудбалерот доби 12 повреди.

Оваа сезона Азар одигра три натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2020 13:46