Кошаркарките на “Баскет Кам” забележаа убедлива победа во второто коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, совладувајќи ја екипата на ЖКК „Куманово“, успеа да слават со високи 106:46.

Според информациите од тренерот Јордан Цветановски, домашната екипа имала целосна доминација во играта,а противникот бил надигран на секој дел од теренот.

– И покрај тешкотиите предизвикани од коронакризата и моменталното отсуството на дел од стандардните играчи, сепак денес успеавме да славиме висока и убедлива победа. Сакам да им честитам на сите играчи за пожртвуваноста и упорноста во играта. Како и за заложбите на целиот тим за остварување на висок резултат на веќе обезбедена победа, рече Цветановски.

Тој се заблагодари на противничкиот тим на ЖКК „Куманово“ за коректноста во играта, посакувајќи им добра сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија.

За екипата на ЖКК „Баскет Кам“ денес се играше првиот натпревар во новата сезона, бидејќи екипата од М.Каменица во првото коло беше слободна.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2020 11:15