На 66-годишна возраст, синоќа во Скопје, почина Анте Дуковски. Македонската кошарка остана посиромашна за уште едно име кое го одбележа спортот со портокаловата топка во нашата земја.

Дуковски беше синоним за кошарка, особено во кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера. Беше играч и на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, заигра и во Работнички…

Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Како прв тренер на „металците“ иј ја донесе првата шампионска титула во самостојна Македонија. Работеше и со големите тренерски имиња како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ…Потоа долги години и со Александар Петровиќ.

Беше дел и одмакедонските репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска Академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2020 13:40