Финалето на Евробаскетот во 2022 година, ќе се игра во Берлин, Германија. Досега се познати 11 учесници на Европското првенство.

Четвртото коло од квалификациите разреши уште неколку дилеми околу тоа кои национални селекции ќе бидат дел од наредното Европско првенство кое во 2022 година ќе се одржи во четири различни држави.

Покрај директно пласираните, домаќините на четирите натпреварувачки групи, Германија, Грузија, Италија и Чешка, на Евробаскетот се пласираа и селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Израел, Австрија, Грција, Шпанија и Словенија, која и ќе го брани пехарот освоен на последниот собир на најдобрите кошаркари на Стариот континент.

ФИБА веќе одреди дека градови домаќини на Евробаскетот кој е поместен во 2022 година, каде ќе се игра првата фаза се: Прага, Тбилиси, Келн и Милано.

Завршниот дел од евро-шампионатот кој е дефиниран за периодот со 1 до 18 септември, ќе се игра во Берлин.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 21:43