Четирите репрезентации од групата „Б“ во квалификациите за Евробаскетот, ќе се соберат од 19 до 21 февруари, наредната година, во Русија, одлучи ФИБА.

За оваа одлука, Бордот на ФИБА Европа ја информираше македонската федерација.

Според одлуката на ФИБА Европа, натпреварите ќе се одржат во Арената „Молотов“ во Перм.

– Согласно со првичниот календар за натпреварување во групата „Б“, на 19 февруари треба да се играат натпреварите Македонија – Русија, односно Италија – Естонија. На 21 февруари пак се закажани мечевите Македонија – Италија, односно Русија – Естонија. Во очекување на одлуката на надлежната комисија, околу новите термини за одигрување на двете одложени средби на нашиот сениорски национален тим, против Италија, односно Естонија, од канцеларијата на ФИБА Европа посакуваат, сите национални тимови вклучени во квалификациите за Евробаскетот 2022 да го дочекаат наредниот февруарски „прозорец“ во добро здравје и состојба, соопштија КФСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2020 21:23