Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на две европски првенства во младински категории, кои идната година ќе се одржат во Скопје.

Како што е соопштено, Европското првенство во најсилната А – дивизија под 16 години ќе се одржи во Скопје, од 13 до 21 август 2021 година.

Македонската кошаркарска репрезентација под 20 години ќе се бори за пласман во А дивизијата на домашен терен на Европското првенство, кое од 3 до 11 јули ќе се одржи во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 12:40