Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски во изјава за британските медиуми ги сподели своите очекувања спроти вечерашното гостување со својот Лидс кај Челзи во рамки на 11. коло во Премиер лигата.

-Тие се голем клуб со големи играчи, но мислам дека ние веќе покажавме и против други големи клубови, како Манчестер сити и Ливерпул, дека сме подготвени да играме и да постигнеме резултат против такви екипи, изјави Алиоски во пресрет на вечерашниот дуел на „Стемфорџ бриџ“ од 21 часот.

-Тие можеби имаат подобри индивидуалци од нас, но нашиот тимски пристап и меѓусебната доверба која ја имаме и навистина ни помага. Не се плашиме да одиме таму и да освоиме бодови, додаде офанзивниот лев бек на Лидс и македонската репрезентација во изјава за британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 13:17