Рекордни 320.000 долари се платени на аукција во Беверли Хилс за дрес на поранешната ѕвезда во НБА лигата Мајкл Џордан, објави ДПА.

Рекордната сума е платена за легендарниот дрес со бројот 23 кој Џордан го носеше на прес конференцијата во 1984 година кога потпиша договор со екипата на Чикаго Булс како трет избор во драфтот.

Претходно, највисоката цена платена за дрес со бројот 23 на Џордан изнесуваше 288.000 долари, на аукција минатото лето.

Кошаркарскиот дрес, со истиот број, на 44. американски претседател Барак Обама, со кој настапувал за својот колеџ во 1979 година, во минатото беше продаден за 192.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 15:03