Аз Алкмар го отпушти денеска тренерот Андре Слота, иако клубот е непоразен во холандското првенство и има големи шанси за пласман во нокаут фазата во Лигата на Европа.

Слота е отпуштен ден откако холандските медиуми објавија дека тој е главен кандидат да го замени Дик Адвокат кога легендарниот стратег на крајот на оваа сезона ќе го напушти Феенорд.

-Донесовме одлука за негово итно заминување. Во АЗ сакаме тренер, кој ќе биде целосно фокусиран на АЗ, изјави техничкиот директор на холандскиот прволигаш Макс Хубертс.

Актуелниот тренер на Феенорд, 73-годишниот Адвокат претходно неделава најави дека на крајот од сезоната заминува од клубот, а во холандскиот печат во петокот осамнаа написи во кои се тврди дека негов наследник ќе биде Слота.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 16:08