Играчот за врска на Манчестер сити, Рахим Стерлинг заработи пенал на денешниот натпревар со Фулам од 11. коло во Премиер лигата.

Во 25. минута дефанзивецот Јоаким Андерсен го фаулираше 25-годишниот Англичанец во казнениот простор. Главниот арбитер Џонатан Мос покажа на белата точка. Ова беше вкупно 20. Пенал досуден врз Стерлинг и тоа е рекорд во Англиското фудбалско првенство.

Кевин де Бруин го реализира пеналот, а Сити го доби мечот со 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 00:50