Изведувач на градежни активности оштети топловодна мрежа поради што има прекин на испорака на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Кисела Вода, соопштија денеска од БЕГ.

Се очекува оштетувањето на топловодната мрежа да биде санирано за неколку часа, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија до потрошувачите.

– При изведба на градежни активности за новопроектираната улица „Есенинова”, изведувачот на улицата оштетил дел од топловодната мрежа со која со топлинска енергија се снабдуваат потрошувачите во населбата Кисела Вода, се појаснува во соопштението.

Екипите на БЕГ излегле на лице место и интензивно работат на санација на оштетениот топловод.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2020 16:43