Македонската кошаркарска репрезентација остана на 53. место на најновата ранг-листа на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), објавена денеска.
Меѓу европските репрезентации, македонските кошаркари останаа на 29. место.
Единствената промена на најновата ранг-листа на ФИБА меѓу првите 15 репрезентации е замената на местата меѓу Русија и Чешка. Русите се вратија во Топ 10 и сега се деветопласирани, додека Чесите паднаа на 11. место по поразите од Данска и Белгија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022.