Кошаркарите на Куманово го претрпеа и вториот пораз во БИБЛ лигата, откако во драматична завршница вечерва загубија на домашен терен од црногорски Теодо Тиват со 83:78.

Во резултатски неизвесен натпревар до самиот крај, Куманово влезе во завршните четири минути со предност од 77:70, по што уследи голем пад во играта и гостите со серија од 13:0 го свртеа резултатот во своја корист.

По три одиграни кола во БИБЛ, Куманово има скор од една победа и два порази, а следен противник ќе им биде непоразениот тим во Лигата, бугарскиот Академик Бултекс.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2020 23:39