Раководството на НБА издаде прирачник за здравје и безбедност на 158 страници на тимовите во лигата. Според „ESPN“, овие правила се пропишани да се почитуваат не само од играчи и тренери, туку и од судии.

Така, во текот на сезоната 2020/21, судиите не смеат да посетуваат: барови и клубови, забавни и спортски настани, јавни сали, бањи и базени.

Судиите ќе бидат тестирани на коронавирус исто како и кошаркарите. Лигата исто така има намера да подготви нов распоред што ќе им овозможи на судиите да го намалат бројот на летови.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2020 13:08