Иако има 40 години и нема одигран натпревар од март 2019, шпанскиот кошаркарски центар Пол Гасол се надева дека би можел да ја продолжи НБА кариерата во Лос Анџелес Лејкерс заедно со неговиот брат Марк Гасол, кој неодамна го засили актуелниот НБА првак.

Пол Гасол со „Лејкерси“ освои две шампионски титули во 2009 и 2010 година, предводена од покојниот Коби Брајант.

-Времето минато во Лејкерси ми беше едно од најубавите во кариерата, а сега би било уште поинтересно, бидејќи би играл заедно со својот брат. Доколку ми се даде шанса веднаш би се согласил, но сакам да играм и да знам дека клубот навистина има потреба од мене. Седењето на клупа не ме интересира, изјави Пол Гасол за американските медиуми.

Своите последни натпревари во НБА ги одигра во дресот на Милвоки, каде пристигна во март 2019. Одигра само три натпревари, по што се повреди и два пати беше оперира,

Во моментов, Пол Гасол тренира во северна Калифорнија, каде живее со семејството.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2020 21:25