Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе остане на должноста и покрај испаѓањето на „црвените ѓаволи“ од Лигата на шампиони, објави лондонски „Дејли Мејл“.

Весникот, повикувајќи се клупски извори, наведе дека потпретседателот на клубот Ед Вудворд, како и другите членови на Бордот на директори, имаат целосна доверба во норвешкиот стратег и во овој момент не размислуваат за прекин на соработката.

Манчестер јунајтед во вторникот остана без пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони и ќе продолжи во Лига Европа.

Во Премиерлигата, Јунајтед е шестопласиран со 19 бодови, а в сабота го чека градското дерби против Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2020 21:44